Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се очекува ценовна и финасиска стабилност: Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се очекува ценовна и финасиска стабилност: Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска
ЕКОНОМИЈА

Се очекува ценовна и финасиска стабилност: Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска

Објавено January 23, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.

На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го нарушуваат растот и ја намалуваат довербата на јавноста во финансиските системи. Во таа насока, беше истакнато дека преку политиките и мерките на Народната банка за задржување на ценовната и финансиската стабилност, се обезбедува одржлив економски раст.

Имајќи ја предвид клучната улога на Народната банка во заштитата на овие фундаменти, како суштински за создавање на стабилна и предвидлива средина за бизнисите, инвеститорите и домаќинствата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази поддршка на нејзината посветеност за одржување на здрави монетарни и финансиски политики, отпорна економија и просперитетна иднина.

На средбата, гувернерката посочи дека просечната инфлација во 2024 година беше 3,5%, што е во согласност со проекциите на Народната банка, а се очекува намалување на околу 2,5% во 2025 година и враќање на историскиот просек од 2% на среден рок. Во однос на економскиот раст, се предвидува умерено забрзување, односно закрепнување на економската активност. Економијата ќе биде поддржана со кредитна активност, натамошно проширување на депозитната база и со стабилен банкарски систем. Сепак, поради постојните ризици од особена важност е да се водат внимателни макроекономски политики. Во таа насока, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка ќе продолжи со спроведување на добро осмислени политики, коишто ќе обезбедат долгорочна макроекономска стабилност и ќе гарантираат одржлив економски раст.

Соговорничките разменија мислења и за можните влијанија на глобалните економски случувања и геополитиката врз македонската економија, причините за чувствителноста на надворешни шокови, факторите што влијаат врз зголемување на странските директни инвестиции, како и за неопходните мерки за фискална консолидација.

Во разговорот беше изразено очекување дека Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија ќе има позитивно влијание врз економијата и спроведувањето на Реформската агенда на државата.

На крајот, гувернерката ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со нивните напори и заложби за што е можно побрзо вклучување на државата во Европската област за плаќања во евра (СЕПА) со цел зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и интегрирање во заедничкиот европски пазар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трипуновски: Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети пестициди
Следна Статија Мукаетов: Ракометарите се пример како сите треба да се бориме за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила

Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија била 22,9 отсто, покажаа дефинитивните податоци за Лаекенските индикатори за сиромаштијата,…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените

Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?