Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најден инвеститор за велешка Колска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Најден инвеститор за велешка Колска
ЕКОНОМИЈА

Најден инвеститор за велешка Колска

Објавено March 19, 2025 21:03
Сподели
Сподели

Фирмата „Трени Балкани Кочи Дентали“ е избрана на денешното прво рочиште во велешкиот Основен суд со изјаснувaње на сите околу 90-тина доверителите кои имаат свои побараувања во Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска. Сите доверители едногласно изгласа оваа фирма да биде одбрана и да изврши реорганизација и Колска која се уште работи со 42 работници да продолжат со својата работа за репарација на вагони.

Стечајната судијка Дара Арсова денеска ја прифати програмата на оваа фирма за реорганизација на велешка Колска и деновиве најдоцна до крајот на месецов треба да ја донесе конечната одлука. Со тоа фабриката за шински возила која работи од далечната 1916 година, а која се уште е во државна сопственост нема да згасне, туку ќе продолжи да работи со помош на фирма која се состои од три друштва коосновачи меѓу кои главно е друштвото од Италија.

Идниот управител и косопственик на Фабриката за шински возила Колска, Георги Трајанов, кој е управител на фирмата Трени Балкани Кочи Дентали ДООЕЛ од Василево, струмичко денеска пред стечајната судијка, доверителите и работниците вети дека за три години ќе го исплати стариот и нов долг на Колска од околу еден милион и 400 илјади евра и дека ќе ги остави на работа 40-тината работници и воедно дека ќе вработи и нови. Тој планира преку средното училиште за занаети во Велес да вработува нови работници, а за тоа планира и поддршка од некои од поранешните работници кои сега се во пензија да ги обучат младите.

Трајанов во изјавата за медиумите по рочиштето, појасни дека е управител и косопственик на „Трени Балкани Кочи Дентали“ ДОО од Василево, струмичко дека партнерите му се од Италија фирмата СИТАВ со 40 проценти која работи, исто како, велешка Колска и има над 1 100 вработени и од Албанија партнер му е фирмата „Трени Балкани Албанија“ која се спрема да отвори фабрика за репарација на патничкиот сообраќај во Албанија.

-Ние имаме три години да го исплатиме долгот кон поголемите доверители. Но, најпрво планираме да ги исплатиме отпремнинита за оние кои заминаа во пензија како и исплата на К-15 за минатата година. Сето тоа ќе го договараме заедно со стечајниот управник, а потоа и долгот кон поголемите доверители како УЈП, а за време од три години. Нема да биде воопшто лесно, со луѓето кои работат таму ќе седнеме и ќе разговараме, јас сам не можам, но најтешко ќе ни биде да најдеме нови работници, потенцира Трајанов.

Како што информира стечајниот управник Димитар Аџиев од Штип најголем доверител на Колска и УЈП Регионална дирекција Прилеп со 83 посто од долгот на Колска или над 1 милион евра, па следи фирмата „Техно гас“ од Скопје, како и Македонски Железници во помал процент на побарување и ЈКП „Дервен“, а има и повеќе мали доверители-поранешни вработени сега во пензија, а кои бараат отпремнини.

Инаку моментално во Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска работат 42 работници од кои до крајот на годинава ќе останат и помалку од 40. Како што информира од Фабричкиот синдикат Тони Арсовски од државата немаат добиено плата за февруари, а ќе чекаат и за март, додека К -15 за лани ќе чекаат од новиот газда, кој им ветил. Воедно информира дека поради една –две неплатени сметки за струја денес добиле опомена од ЕВН пред исклучување на струјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата
Следна Статија Трамп ги бара украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на…

June 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година повеќе од 3,5 отсто

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?