Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Објавено January 23, 2025 22:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи во интервјуто за дневникот на МРТ, задоволен е како досега функционира Владата имајќи предвид, рече, што наследивме и со какви предизвици се соочивме.

-Секогаш може да биде подобро. Се трудам и јас со својата работа да ги инспирирам колегите во Владата и ќе продолжам во таа насока. Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било интервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука. Мислам дека тогаш многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата, изјави Мицкоски.

Она што е сигурно, потенцира тој, е дека од 1 јануари 2026 година ќе има една голема и посеопфатна структурална промена во рамки на структурата на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, бидејќи полека но сигурно потребно е дел од генерациите да се менуваат.

– Доколку ја добијам поддршката на делегатите, според Статутот на партијата после следниот конгрес, тоа е мојот последен мандат како претседател на ВМРО–ДПМНЕ и веќе следниот што ќе се случи после овој кон крајот на годината, ВМРО–ДПМНЕ ќе има нов претседател, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туризмот во Европа ги руши сите рекорди: Еве која е најпосетена земја во светот?
Следна Статија Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Чулев: Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ

Сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, напиша на Фејсбук, Наќе Чулев.…

January 8, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, тоа е една од стратешките цели на оваа Влада

Испорачување квалитетни јавни услуги за граѓаните е еден од нашите императиви, па во таа насока развојот на локалната самоуправа е…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше…

November 21, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ прогласи победа во Крива Паланка

Кандидатот за градоначаник на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, предмалку на својот Фејсбук профил прогласи победа. „Победа…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?