Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани
СВЕТ

Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани

Објавено January 24, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Еден од осум млади Германци никогаш не слушнале за Холокаустот, термин за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера, покажува истражувањето.

Во истражувањето, во кое беа опфатени млади луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години, 12 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не слушнале за терминот.

Тој удел е уште поголем во Австрија, 14 отсто, Романија 15 отсто и во Франција неверојатни 46 отсто, пренесува „ДПА“.

Истражувањето е нарачано од Конференцијата за еврејски барања за компензација, во време на подемот на екстремната десница во Европа.

Околу 1.000 млади луѓе беа анкетирани во Германија, Франција, Австрија, ОК, Полска, Унгарија, Романија и САД. Во сите овие земји, значителен дел од испитаниците не знаеле дека за време на нацистичката ера биле убиени околу шест милиони Евреи, а во Германија тоа било дури две петтини.

Во Германија два отсто од испитаниците се согласиле дека холокаустот воопшто не се случил.

Големо мнозинство во речиси сите земји испитани процениле дека нешто како Холокаустот може да се случи денес: 76 отсто во САД, 69 отсто во Британија, 63 отсто во Франција, 62 отсто во Германија и 61 отсто во Австрија.

Централниот совет на Евреите во Германија со тревога реагираше на резултатите од истражувањето.

„Загрижувачкиот пораст на антисемитското вербално и физичко насилство што го гледаме во Германија е главно вкоренет во дезинформации и недостаток на податоци за холокаустот“, рече претседателот на Советот Јозеф Шустер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Трамп нареди објавување на документите за атентатите на браќата Кенеди и на Мартин Лутер Кинг
Следна Статија Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски објави колку заработил лани: приходите му се зголемени во однос на 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави декларација за имотот, приходите, трошоците и финансиските обврски на неговото семејство за 2024 година. Системот…

April 2, 2025
СВЕТ

Синот на норвешката принцеза уапсен поради силување

Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување. Во полициското соопштение се…

November 19, 2024
СВЕТ

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,…

April 10, 2025
СВЕТ

Трамп ги одложи царините за Мексико за еден месец

Мексико и Соединетите Држави постигнаа едномесечен договор за спречување на царините и претстојната трговска војна, чија закана предизвика пад на…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?