Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“
МАКЕДОНИЈА

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи, вели Мицкоски за случајот „27 април“

Објавено January 24, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи.

Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие што водеа политички монтиран процес да си стават прст на чело и да размислат што прават и што направиле, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан како ја оценува вчерашната одлука за амнестија на обвинетите за случајот организатори за 27 април.

Прашан дали можеби смета дека имало притисок врз судијата, Мицкоски рече дека тој ниту го познава, ниту пак некогаш се видел физички со судијата, така што не би сакал да коментира во тој дел.

 – Можеби за тоа треба да дадат одговор сите оние кои што вршеа притисок да преку еден политички монтиран процес луѓе денеска лежат во затвор седум-осум години поради тероризам.

Никој од нив не вели дека не направил грешка, направил, но никако не се терористи.

Сега кога веќе е јасно дека нема организатори, не знам како може да има терористи, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци.

Нагласи дека не станува збор за застарен случај, туку, како што рече, толкувањето е дека обвинението е покренато откако истекол рокот за да може да се поднесе барање согласно Законот за амнестија.

 – Тие немале можност во рокот да поднесат барање, односно биле обесправени. Тоа е суштината, не е дека е застарен предметот или нешто друго, изјави Мицкоски.

Основниот Кривичен суд Скопје вчера го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на државата.

 Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со унгарските пари не мора да се вложува само во производство, може да се градат и трговски центри и фотоцентрали
Следна Статија Енис Барди и официјално има нов клуб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Капушевски до Лупевска: Ако не носам мазут ќе нема струја и ти не можеш да одиш на фризер да се исфенираш за на емисија

КОД на Снежана Лупевска Созен истражуваше како фирмата на Ратко Капушевски го добила милионскиот тендер за мазут, а не била…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Maкедонија и Црна Гора лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ

Maкедонија и Црна Гора се неприкосновени лидери во исполнувањето на реформските обврски кон ЕУ, покажа најновиот извештај на Брисел. Европската…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава!

Крешник Бектеши за тоа кој ја поттикнал наставничката да ја организира приредбата во училиштето во село Челопек, одговори дека со…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопската зоолошка сподели тажна вест: Европскиот бизон кој имаше 17 години утрово угина

Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопштија од Зоолошката градина…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?