Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џип од 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови – Стоилковиќ откри нова злоупотреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Џип од 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови – Стоилковиќ откри нова злоупотреба
МАКЕДОНИЈА

Џип од 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови – Стоилковиќ откри нова злоупотреба

Објавено January 24, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Џип марка „бе-ем-ве“ во сопственост на Министерството за односи меѓу заедниците вреден 60 илјади е пронајден во многу лоша состојба во сервис за поправка, од каде не е подигнат. Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и посочи дека ова е најновата злоупотреба што деновиве ја откриле, покрај другите нови пронајдени изминатиот период, а се однесуваат на имотот на Министерството.

„Не можам да утврдам за што било користено возилото. Но, сега тоа личи на искубана кокошка. Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и немилост во сервис каде што му се извадени вратите, а извадени се и други делови од него и биле користени за потребите на сервисот“,вели тој.

Посочи дека сервисот во кој е оставено возилото порано се вршеле поправки на возила на Министерството. За овој случај го информирале Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Не сакаме да го подигнеме возилото. Бараме записници како е предадено, но такви нема. Сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Но, досега не е подигнато“,рече Стоилковиќ.

Додаде дека истрагата ќе утврди повеќе детали како се постапувало со автомобил вреден 50-60 илјади евра, во сопственост на Министерството.

Вели дека е згрозен од начинот како се трошени не само средствата, но и како е управувано со ресурсите на Министерството.

„Триесет и седум илјади евра државни пари се подигнати од касата на министерството и никогаш не се вратени без никакво образложение. Поднесена е пријава до Финансиската полиција“,кажа тој.

Стоилковиќ очекува резултати од ревизијата што ја спроведе Министерството за финансии во Министерството за односи меѓу заедници, која најави дека прво ќе ја презентира на затворена седница на Влада, па потоа врз основа на одлуките и заклучоците што ќе произлезат од неа, наодите ќе ги достави до другите надлежни институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Српската полиција ја уапси жената која прегази студентка во Нов Белград
Следна Статија Масовен егзодус на елитата: Речиси 11.000 милионери ја напуштаат оваа земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се роди Југ, синот на починатиот Игор

Се роди Југ, синот на прерано починатиот Игор, еден од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна увидот во опожарената зграда во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи започнаа увид во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир, каде на 2…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?