Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори

Објавено April 17, 2025 12:49
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација престојуваше во Дубаи остварил повеќе средби и со компании разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија.

Даваме се за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани. Ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори. Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, објави Мицкоски на профилот на Фејсбук.

Премиерот Мицкоски се сретнал со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Eagle Hills, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди кој е директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

„Иналу Игл Хилс“ е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.

„Абу Даби развојниот холдинг“ од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.
Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег. Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.

Додека „Масдар“ е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција.
„Масдар“ е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов оди во куќен притвор
Следна Статија Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба

Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжи со нови претреси за обезбедување докази и распити на лица, а дејствија ќе…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре ќе биде распишан оглас за нов претседател на Антикорупциска

Како што се наведува во информацијата од Собранието, рокот за пријавување ќе трае 10 дена, а понатамошните фази од постапката…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

За Филипче прашањето за златната виза во Дубаи билo „дефокус“

Денеска на новинарско прашање лидерот на СДСМ Филипче одби да одговори на прашање за „златната виза“, нарекувајќи го тоа „дефокус“ и…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?