Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите бараа вклучување во програмата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите бараа вклучување во програмата
БАЛКАН

Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите бараа вклучување во програмата

Објавено January 24, 2025 20:36
Сподели
Сподели

Илјадници студенти и граѓани вечерва се упатија кон зградата на Радио телевизија на Србија во центарот на Белград, каде побараа од медиумската служба објективно да известува и да дозволи пренос во живо на програмата.

Пред зградата на РТС на улицата Таковска, толпата зазема голема површина од едната страна, до зградата на Поштата и паркот Ташмајдан, а од другата страна сè до следната раскрсница, а имаше луѓе и во околните улици.

Вклучувањето на студенти во информативната програма на РТС во 19 часот и 30 минути не е дозволено, но извештајот во таа програма беше значително подолг од претходните денови и вклучуваше бројни изјави на студенти снимени во текот на денот во различни градови во државата.

Студентите пристигнаа пред зградата на РТС околу 19 часот и прво одржаа петнаесетминутен молк, а потоа извикуваа „Генерален штрајк“ и разни други пароли против владата и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Новинарите на РТС известуваа за протестите низ Србија дури по опширниот извештај од митингот на владејачките СНС и СПС во Јагодина.

Студентите во моментов почнаа да се враќаат на факултетите, а дел се уште се пред РТС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Трамп е*и се, му порача дански пратеник во Европскиот парламент на новиот американски претседател
Следна Статија Кристин Лагард во Давос: Европските лидери да ја намалат бирократијата и да ја зајакнат економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарите се жалат зошто владата не им прави автопат, кога македонската страна прави сè за делот од Македонија

Изградбата на автопатот од Дупница до граничната точка „Гуешево“ со Македонија треба да започне што е можно поскоро, инсистираат локалните…

December 6, 2024
БАЛКАН

Ги пронашле прегрнати: Во одроните во Јабланица загина брачен пар

Босна и Херцеговина вчера беше погодена од катастрофални поплави и одрони, а досега е потврдена смртта на 17 лица. Дневни…

October 5, 2024
БАЛКАН

Aндреј Ковачев тврди дека Бугарија ги има исполнето сите услови кон Стразбур за македонското малцинство

Нема никаква драма, нема никаков проблем, Бугарија ги има исполнето апсолутно сите барања кои и судот во Стразбур никаде не…

February 24, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Кит снимен во близина на Дубровник

Необична и ретка појава го привлече вниманието на капачите во близина на Дубровник – во морето кај островот Локрум беше…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?