Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица
МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Објавено January 25, 2025 09:23
Сподели
Сподели

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје, но, неизбежно било да се разговара за недостиг од терапија за овие пациенти. Се апелирало проблемот да биде решен во најскоро време.

„И од министерот, како и од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ни беше ветено дека терапија ќе има до крајот на наредната недела. Од него побаравме да се направат напори барем дел од оваа терапија да се стави на Позитивната листа со што овие проблеми ќе се избегнуваат во иднина“, изјавија претставници на здружението за МИА.

Како што појаснија, Буџетот за 2025 за Онкологија бил зголемен, па тие се надеваат оваа дискусија за немање терапија повеќе нема да ја има.

„Ги посочивме и останатите проблеми со скрининг програмата, олеснување на патеката до центар за дојка и останатите снимања, така што, инсистиравме на воведување двојно читање на резултати со што сметаме дека ќе се намали процентот за грешки. Зборувавме за просторно проширување на Онкологија и изнаоѓање трајно решение за гужвата на оваа клиника. За итноста и потребата од дополнителен персонал. За нефункционирањето на Битолската клиника. Ова е втора официјална средба со министерот и искрено се надеваме дека ќе се променат состојбите на подобро, велат од Здружението.

Како што претходно информираа за МИА дел од пациентите на Онкологија, има недостиг од лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните будно следат, нема веќе кој да ги лаже – работиме на дела, не на зборови
Следна Статија Митев: Најважно е да се бориме и да играме според нашиот план

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокот заврши: Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?