Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Објавено January 27, 2025 09:45
Сподели
Сподели

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Упатувајќи срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, се вели во честитката, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа.

Сиљановска-Давкова подвлекува дека Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

– Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави, вели во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Лав – понеделник, 27 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Скорпија – понеделник, 27 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време, температурата до 11 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синдикалката ја оставиле пред врата со клучалка наместо да присуствува на интервју за вработувања во контролата на летање и М-НАВ

Директорите на Македонска навигација (М-НАВ) не ја пуштиле контролорката на летање, делегирана од Синдикатот на контролори на летање, да присуствува…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните

Триесет и три питомци од кои 25 од  Македонија (19 мажи и 6 жени), 5 питомци од Босна и Херцеговина…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?