Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега

Објавено January 27, 2025 21:23
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” говорејќи околу посетата на САД по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп истакна дека карактерот на средбите остварени за време на оваа посета беше на највисоко ниво досега.

„Делегацијата беше најскромна што е можно и ако ги споредите со делегации во минатото, навистина е најскромна што е можно. Квалитетот на средбите е највисок споредено со било кога. Зборам ако се земе во предвид карактерот на посетата содржината, но и луѓето со коишто имав средби и тоа се покажува и докажува не само за време на посетата, туку и периодот потоа“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека за него лично преставува огромна чест што процесот на инаугурацијата го следеше заедно со претседателот на Републиканската партија на САД кој во хиерархијата во моментов е втор човек по влијание, веднаш после претседателот Трамп.

„За мене претставува чест што овој процес го следев заедно со претседателот на Републиканската партија, којшто патем речено, ме покани следната моја посета којашто и како државник, но и како претседател на партија ќе се случи во САД да заедно имаме состанок што за мене, би рекол за една малку бројна држава како нашата, па би рекол и географски, геостратешки ќе има можност да оствари една таква комуникација“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека на реализираните средби во Вашингтон се зборуваше за продлабочување на билатералната соработка со САД, инвестирање во нашата земја, како и амбицијата да бидеме дел од европското семејство.

„Во Вашингтон ние зборувавме за значајноста на Македонија како држава во регионот, зборувавме за нашите амбиции како Влада, за нашите проекти, зборуваме за продлабочување на билатералната соработка САД, можноста за инвестирање кај нас, се разбира евроинтегративниот пат и нашата амбиција да бидеме дел од европското семејство, предизвиците со коишто сме се соочувале и со коишто се соочуваме. Така што мислам дека немаме втора шанса за прв впечаток, а најдобро е да имате прв впечаток кога една администрација го започнува својот мандат“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Создаваме навистина силни врски, пријателства кои што верувајте се многу значајни за иднината на државата.“

За тоа дали очекува од тимот околу американскиот претседател поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија во ЕУ, премиерот Мицкоски одговори дека апсолутно очекува поддршка и во таа насока се сите овие средби.

„Апсолутно, токму тоа и го кажувам дека очекуваме конкретна поддршка со вистински политички потези, па да видиме. Ако не пробаме нема да знаеме. Наше е да пробаме, да одиме насекаде во светот да бараме поддршка, да создаваме пријатели, да создаваме сојузници. Тоа е нашата цел“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Риби
Следна Статија Гардијан: Бугарската полиција го „блокираше спасувањето“ на тројца мигранти кои премрзнаа до смрт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ивановска објаснува за што точно Јакимовски доби 3,5 години затвор

Новинарката Јорданка Јоци Ивановска на социјалните мрежи објасни зошто градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на 3,5 години затвор.…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Дурмо турс“ меѓу нив: Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки

Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град,…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци,…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?