Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Христовски спроведе три сложени операции против сериозни терористички ќелии, неговата работа треба да се вреднува

Објавено January 27, 2025 22:44
Сподели
Сподели

Во гостувањето во емисијата „360 степени“ на МТВ, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше запрашан за кадровските решенија со акцент на именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност.

„Неспорен факт е дека Бојан Христовски во моментот е носител на сертификат за безбедност кој што е од највисок вид. Не само кај нас како држава, туку и во рамките на НАТО. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе, меѓу кој сум и јас, 12 вработени во ДБКИ и луѓето кои што работат во НАТО мисијата во Брисел. Тој сертификат го поседува Бојан Христовски“, одговори премиерот Мицкоски и дополни дека овој сертификат се издава под строгите правила и мониторинг на НАТО алијансата.

„Не може вработени во НАТО периметарот, кој што го поседуваат овој сертификат издаден од истата институција да не се мониторирани од самата НАТО структура. Апсолутно, со сето ова сите оние тези во јавноста дека тој не исполнува услови за безбедносен сертификат или не знам што, паѓаат во вода“, заклучи Мицкоски.

„Само во изминатите неколку недели откако е именуван, односно неколку месеци таму каде што е, покажал вонредни резултати заедно со нашите стратешки партнери во разбивање на три многу сериозни терористички ќелии во државата. Прашањето е зошто во минатото не биле сузбиени“, рече Мицкоски и посочи дека како премиер може да суди врз основа на квалитетот на извршување на работните задачи за кои може да се рече дека се вонсериски во овој момент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меси се реши- познато е каде ќе продолжи по завршувањето на договорот со Интер Мајами
Следна Статија Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уапсен дилер во Кичево

Вчера во 23.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево го лишиле од…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?