Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

Објавено January 28, 2025 09:15
Сподели
Сподели

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат целата процедура да заврши до крајот на месецов. Откако ќе помине договорот на Влада, ќе треба да се потпише договор со банките и со тоа практично парите стануваат оперативни за бизнис секторот.

Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 проценти, грејс период од три години и 12 години рок на отплата.

Парите првично требаше да бидат оперативни до крајот на минатата година, но процесот се одоговлечи, а причината за тоа, според надлежните, е проширувањето на опфатот на компании кои може да аплицираат за добивање на средства од унгарскиот заем. Практично, сега освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела во изјава за медумите ги повика компаниите да подготват проекти и да аплицираат за да добијат кредити од комерцијалните банки.

– Анализата вели дека 250 милиони евра годишно е побарувањето на економските оператори за да земат заеми. Ако ги ограничите можностите, тогаш се ограничуваат и економските оператори и може да се случи од тие 250 милиони евра да се искористат само 120, 150 или 180 милиони евра, а другите да останат. Од тие причини, сакаме да го прошириме сето она што ќе има позитивен импут во БДП и во македонската економија. Но, сега е се дефинирано, завршено е, содржината на договорот е готова, изјави Мицкоски при посетата на општина Петровец.

Од унгарскиот заем, 250 милиони евра се наменети за компаниите. Договорот за кредитот од вкупно 500 милиони евра, во име на Владата, беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта од страна на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска со унгарската Експорт-импорт банка

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси
Следна Статија Без инциденти помина ноќва студентска блокада на Автокоманда во Белград – Вучиќ повика на дијалог

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Наследникот на Ворен Бафет размислува да ги продаде акциите на Kraft Heinz

Новиот извршен директор на Berkshire Hathaway евентуално размислува за својот прв значаен потег по преземањето на должноста.

January 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со Тим Рид: Следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања…

March 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Пензискиот систем во Македонија – Предизвици

Македонија го воведе тростолбниот пензиски систем во 2006 година. Реформите се спроведуваа според Чилеанскиот модел, а истиот беше применет и…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?