Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Објавено January 28, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на повикот на бојкот на маркетите во петок, кој се шири по социјалните мрежи.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обзнани дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите.

-Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

-Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството, се наведува во соопштението на партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Скорпија – вторник, 28 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Стрелец – вторник, 28 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓани денеска почнаа целосна блокада на Дошница

Граѓани од цела Македонија, здружени преку иницијативи како Спас за Дошница, Зелена народна стража и Changemakers4all, започнаа целосна блокада за…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство, а сме во иста состојба како пред 20 години

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит оствари средба со неговиот домаќин, унгарскиот премиер Виктор…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во Словенија се сретна македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Република Словенија, денеска во македонската амбасада во Љубљана се…

May 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?