Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Објавено January 28, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање на македонското стопанство, односно компаниите. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на заедничка прес-конференција со премиерот Хритијан Мицкоски, по усвојуvање на договорите за кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва кои ќе се пласираат преку Развојната банка, а кон крајните корисници преку деловните банки.

„Со денешните одлуки донесени од страна на Владата влегуваме во последната фаза од операционализација на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвора патот Развојната банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки, учеснички во оваа програма, и оттаму и до компаниите. Односно со потпишувањето на договорите, ќе започне со операционализација на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва во износ од 250 милиони евра во денарска противвредност преку деловните банки“, рече министерката.

Таа додаде дека условите се повеќе од атрактивни со каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години, грејс периодот до 3 години.

Според министерката ова дава огромна можност за домашните компании да се охрабарат и да влезат во инвестиција.

„Целта беше да креираме можности за реализација на одржливи инвестиции и затоа поддршката е насочена во сите сектори за инвестиции во основни средства, за кои домашните компании треба да учествуваат со 20% сопствени средства. Исклучок од оваа широка поставена поддршка се секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката.

Таа посочи дека задачата на Владата и Министерството е да овозможат фер услови за сите компании, односно како што рече, средствата ќе бидат доделени транспареноста и дека секоја компанија ќе има еднакви можности и исти услови за нивно користиење.

„Поддршката што ја обезбедуваме со оваа кредитна линија ќе поттикне инвестициски циклус од над 250 милиони евра, кој е дел од нашиот нов концепт за економски раст заснован на инвестиции со кој се влијае и на подобрување на продуктивноста на компаниите, предизвик кој беше нотиран во минатиот период. Тоа е бенефитот што го очекуваме од оваа мерка за која Владата вложи навистина големи напори со цел средсвтата да бидат достапни за компаниите по навистина поволни услови“, порача министерката за финансии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Масовни протести во Нови Сад поради тепање студенти, носат транспаренти – „Уапсете го Вучиќ!“
Следна Статија Без консензус нема промена на имиња на улици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска најавува година на инвестиции и фискална консолидација и одржливост

Буџетот за 2025 година е документ со кој Владата ги најавува промените во политиките коишто се во насока на остварување…

December 10, 2024

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година,…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?