Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
ЕКОНОМИЈА

Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

Објавено September 1, 2025 13:44
Сподели
Сподели

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа.

Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари.

Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти.

„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата”, вели директорот Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Kривична пријава за полицаец во ПС Чаир: Се потпишал и подигнал 11 туѓи лични карти, биле на граѓани од Чучер Сандево
Следна Статија Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кока-Кола именува нов главен извршен директор Хенрике Браун

Извршниот потпретседател и главен оперативен директор на Кока-Кола, Хенрике Браун, ќе стане главен извршен директор на 31 март.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава…

February 15, 2026

Мета потврдува милијарди во чипови од Нвидиа

Договорот вклучува GPU и CPU чипови, сигнализирајќи ја следната фаза на вештачката интелигенција.

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?