Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе од 200 лица земале плата во Фондот за пензиско осигурување, а не оделе на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повеќе од 200 лица земале плата во Фондот за пензиско осигурување, а не оделе на работа
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 200 лица земале плата во Фондот за пензиско осигурување, а не оделе на работа

Објавено January 28, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија утврди низа пропусти во работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Повеќе од 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа! Ревизорите откриле фиктивни вработувања и спорни награди. На платниот список на Фондот се пронајдени 206 лица, кои земале плата, а за кои не постои потврда дека оделе на работа. По основа на награди за вработени, кои „постигнуваат особени залагања“, во 2023 година се исплатени 2,5 милиони денари, но според ревизорите, не постојат соодветни и веродостојни документи за овие пари.

Според ревизорите, претходната влада го прекршила Изборниот законик со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани само два месеци пред распишување на претседателските и парламентарните избори. Спротивно на членот 8-а од Изборниот законик во предизборниот период се исплатиле речиси 2 милијарди денари. Сметката на фондот ја празнат и извршителите, кои повлекуваат пари за пензионери кои имаат долгови. По овој основ 18 извршители повлекле над 4 милиони денари во 2023 година. Покрај ова, според ревизорите ПИОМ со години се соочува со недостаток на стручен и обучен кадар во клучните сектори, подрачните единици, ИТ секторот и одделението за внатрешна ревизија.

Според извештајот на ревизорите, приходите на ПИОМ од година во година растат, но тоа наместо да ја намали, ја зголемува буџетската дупка, бидејќи паралелно растат и социјалните исплати. Во 2023 година Фондот има рекордни приходи од наплатени придонеси од над 63 милијарди денари, а сепак истата година дефицитот од над 30% е покриен од државниот буџет. Извршената ревизија во подрачните единици на Фондот пак покажала дека ниеден објект не ги исполнува основните хигиенски услови за работа, натписните табли се уништени, недостасува стручен кадар. Ревизорите објавија и фотографија од несоодветните услови, во кои се чуваат предметите, што не се заштитени ниту од влага, кражба или поплава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Гугл Мапс“ го менува името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во САД
Следна Статија Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот ќе заврши за два месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како Македонија котира во изборот за најмирни земји во светот

Годинава е 17-то издание на Глобалниот индекс за мир, кој рангира 163 независни држави и територии според нивното ниво на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна…

May 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Се со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар,…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?