Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година
Blog

Лидл го зајакнува македонскиот извоз со значителен раст во 2024 година

Објавено January 29, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Над 5 милиони евра е извозот што го реализирале македонски производители преку продажната мрежа на Лидл во 2024 година. Извозниот промет бележи пораст од 25 пати во однос на истиот период лани, а заедно со Лидл Македонија, 20 македонски компании реализирале извоз во 3 земји од регионот – Србија, Бугарија и Хрватска.

„Минатата година Лидл Македонија оствари посериозен извоз на македонски производи во регионот и покрај тоа што не е сеуште оперативна компанија со маркети во државата. За прв пат, во Лидл Србија, Бугарија и Хрватска, организиравме неколку тематски недели посветени на традиционалните македонски производи и претставување на автентичноста на македонската кујна. Производите ги задоволуваат сите потребни стандарди за врвен квалитет и особено нè радува што се одлично прифатени од потрошувачите. Ова е доказ за одличната соработка и успешните партнерства кои Лидл ги гради со локалните производители и добавувачи. Со овој позитивен тренд за поддршка на македонските компании ќе продолжиме и оваа година, проширувајќи го извозот и во други земји.“, изјави Стефан Георгиев, директор за набавки на Лидл Македонија.

Тој посочи дека почитувањето и имплементирањето на највисоки стандарди за безбедност и квалитет на храната, не се само услов за почеток на соработка со Лидл туку и потврда за конзистентниот врвен квалитет на сите производи и сигурноста на потрошувачите дека го добиваат најдоброто.

Во 2024 година прометот од извоз на овошје и зеленчук од македонско поднебје преку Лидл е над два милиони евра, а најголем е извозот на грозје, зелка, црвена пиперка, домати и сливи. Истите се од домашни производители кои поседуваат Global G.A.P. и GRASP меѓународно признати стандарди за земјоделско производство гарантирајќи дека производите се безбедни и одговорно одгледувани.

За Лидл е од исклучителна важност и синџирот на снабдување да ги исполнува највисоките критериуми за сигурност преку задолжително имплементирање на IFS меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храна. На овој начин препознатливиот домашен ајвар, бело и црвено вино, јагнешко месо, охридски ѓеврек, кочански ориз, овчо сирење, козјо кисело млеко, малиџано, лутеница, пастрамајлија, слатко и многу други производи од сертифицирани производители остварија одличен извоз во соседните земји. По успешната оценка и прифаќање на производите целта е тие да бидат дел од редовната годишна испорака и асортиман на Лидл.

Сопствените брендови на Лидл се добро познати на потрошувачите во различни европски земји и се одлична можност преку која македонските производители, партнери на Лидл, може лесно да дојдат до нови пазари, а со тоа и да добијат поголеми можности за продажба на нивните производи.

Лидл е најголемиот европски ланец за малопродажба на храна. Дел е од германската групација Schwarz и е присутен во 31 земја, на четири континенти. Предностите на бизнис моделот се базираат на оптималниот асортиман на производи со најдобар сооднос квалитет-цена, грижата за своите вработени и партнери, како и воведувањето на иновативни пристапи и начини на работење.

На почетокот на минатата година Лидл Македонија започна со изградба на логистички центар во Куманово. Компанијата денес има повеќе од 200 вработени со намера тој број да расте во иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тетовец со нож ги нападнал мајка му и сестра му
Следна Статија Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Ова се најпродаваните автомобили во Европа

Продажбата на нови автомобили во Европа се стабилизира на нешто повеќе од милион возила месечно, што е на ниво на…

November 24, 2024
Blog

ЕЦБ ги држи каматните стапки на непроменети за прв пат по една година

Европската централна банка ги потврди тековните каматни стапки во еврозоната, означувајќи пауза во намалувањето на трошоците за задолжување, предупредувајќи дека…

July 24, 2025

Samsung Galaxy S26 launch LIVE — S26 Ultra price, specs and release date due to be unveiled at Samsung Unpacked – Tom’s Guide

We're hoping for a couple of special surprises

March 1, 2026
Blog

Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија

Француската компанија за обновлива енергија Акуо Енерџи потпиша договор за откуп на електрична енергија (PPA) со Електропривреда на Србија (EPS),…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?