Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид
СВЕТ

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид

Објавено January 29, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид.

Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, илјадници војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат.

Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, прекумерно широко и сосема ненужно оптоварување“ за американските војници.

За многу од нив требало да биде направен исклучок, но тоа не се случило и тие биле отпуштени, се додава во документот.

Указот ќе овозможи враќање на сите војници (активни и резервни), отпуштени само поради тоа што не сакале де се вакцинираат и кои побарале враќање на служба.

Според указот, војниците можат да го вратат своето поранешно звање и да добијат целосен паричен надомест, бенефиции, бонуси или компензации.

Војниците кои презентирале докази дека доброволно ја напуштиле службата наместо да се вакцинираат според мандатот, ќе можат да се вратат на служба без последици за нивниот службен статус, звање или плата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изградба на патниот правец Тетово-Призрен, обнова на железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина – Николоски на Косово
Следна Статија Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански лидер

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња…

March 6, 2026
СВЕТ

Трамп најави крај на војната во Иран и нова финална рунда разговори

Во обид да се зголеми притисокот врз Иран пред разговорите, најверојатно повторно во Пакистан, Пентагон испраќа нови шест илјади трупи…

April 15, 2026
СВЕТ

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол низ Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,…

January 31, 2025
СВЕТ

Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин. Хуманитарната катастрофа…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?