Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
СПОРТ

Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони

Објавено January 29, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто така, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Сакате попуст? Еве ви попуст!
Следна Статија Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа првичните свои импресии по нерешените 29:29 попладнево со Австрија. – Можеме…

January 21, 2025
СПОРТ

Серафимов ја „чекираше“ Македонија во Б-дивизијата во Лигата на нации

Во претпоследниот натпревар од ова издание на Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1:0. Со…

November 15, 2024
СПОРТ

(Видео) Бенфика го испрати Мурињо во Лига Европа, Бриж ги растури Глазгов Ренџерс

Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген ја комплетираа листата на учесници во главнаѕа фаза, во Лигата на шампионите. Во најпривлечнит натпревар,…

August 28, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ: Бев на вечера со Рафа, но не сме пријатели

Во интервју за „Кориере дела Сера“, Новак Ѓоковиќ уште еднаш раскажа каков однос имал со своите најголеми ривали, Рафаел Надал…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?