Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1

Објавено January 30, 2025 15:48
Сподели
Сподели

Анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги покажува дека генералната оцена за перформансот на судовите е 3,1. Во споредба со другите органи, скопските судови се оценети за нијанса полоши. Најниска оцена, односно 2 граѓаните дале за брзина на постапување, а највисока, 4 за судската полиција.

Анкетата што во декември 2024 година ја изработи Коалицијата „Сите за правично судење“ е спроведена врз основа на 1100 испитаници и опфаќа различни аспекти како пристап до суд, квалитет на услуги, јавност и транспарентност, и борба против корупција. Одговорите се однесуваат на Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Апелационен суд Скопје и Врховен суд.

Дарко Аврамовски од КСПС на денешната презентација во Основен кривичен суд Скопје ги образложи резултатите, истакнувајќи дека пристапноста до судовите е генерално добра, но има потреба од подобрување на јавниот превоз до судот и патоказите во судските згради.

  • Генералната оценка е 3,1 за вкупниот перформанс на судовите. Граѓаните ги оценуваат судовите за нијанса полоши од другите органи. Во споредба со другите органи добиваат оценка 2,9. Работата на судовите од страна на граѓаните не е перцперирана како ништо полоша од работата на друг орган, изјави тој.

Во однос на квалитетот на судските услуги, испитаниците дале средна оцена од 3,4 за судските службеници и 3,5 за судиите.

Во делот на борба против корупција, 40 проценти од граѓаните сметаат дека постои корупција во судовите, што се должи на искуствата на роднини и пријатели. Девет проценти од испитаниците изјавиле дека им било побарано мито за судска услуга.

Анкетата покажала дека граѓаните се задоволни од транспарентноста на Основниот граѓански суд, кој добил највисока оценка, следен од Основниот кривичен суд. Сепак, постои незадоволство од начинот на кој се пишуваат судските одлуки и брзината на добивање одговори.

Претседателот на Здружението на судии на РСМ, Иван Џолев, истакна дека судовите постапувале по 755 илјади предмети, што, според него, покажува дека граѓаните веруваат во судскиот систем.

  • Овие бројки покажуваат дека имаме функционален судски систем, рече Џолев.

Тој додаде дека ваквите анкети треба да бидат водилка во унапредувањето на економичноста и ефикасноста на постапките, транспарентноста и зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.

За министерот за правда, Игор Филков, резултатите од анкетата се поразителни.

  • Бројките се во рамките на очекуваното и се лоши. Да ги анализираме, да ги разгледаме и да видиме како понатаму, ова е поразително, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“
Следна Статија Почина работник на автопатот Кичево-Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Државниот обвинител Савески го почнува мандатот

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во недела се слави Прочка- еве што треба да направите

Во недела претстојниот викенд се слави големиот празник Прочка, по што почнуваат големите Велигденски пости. Празникот Прочка или Велики Поклади,…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?