Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

Објавено January 30, 2025 18:27
Сподели
Сподели

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

„Дали ќе ја зголемиме минималната плата и тоа дали таа ќе била над 500 евра. Мене ако ме прашате лично ќе ви кажам дека 5 илјади треба да биде минималната плата. Со растот на минималната плата можеби Владата најмногу ќе профитира и буџетот.

Не можеби, туку сигурно најмногу ќе профитира затоа што економијата и бизнисот ќе треба пропорционално да ги пондерираат сите плати, што ќе каже дека пропорционално ќе бидат пондерирани и придонесите во буџетот во фондовите итн. реално најмногу можеби ни одговара.

Дали е тоа правилно? Тоа е морален хазард. Дали е тоа исправно? Тоа е морален хазард.“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека минималната плата ќе биде онаа која што ќе ја договорат работодавачите и работниците, а владата ќе го фасцилитира тој процес
„Минимална плата ќе биде онаа плата којашто ќе ја договорат работодавачите и работодавците.

Ние сме страна која што може да гои фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата.

Се надевам дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто ние ќе го поддржиме.“, потенцираше Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
Следна Статија Трамп: Имаме идеја што ја предизвикало авионската несреќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЖЕЛБА НА СЕКОЈ ПОЛИТИЧАР: Владо Бучковски стана бизнисмен

Поранешниот премиер и поранешен специјален владин претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, влезе во бизнис-сферата и стана сопственик на…

January 12, 2026
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Пет месеци не зеле плата вработените во Инспекторатот за спроведување на Законот за употреба на јазикот

Вкупно 17 вработени од Инспекторатот за употреба на јазиците веќе пет месеци работаат без плати и придонеси. Попладнево се собраа…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?