Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање

Објавено January 31, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите не може да се користат за рефинансирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека тоа е јасно пропишано во договорите потпишани со Развојната банка која денеска ги потпишала и рамковните договори со комерцијалните банки.

Државата ќе добие информација од кои сектори се финансирани проекти, но ризикот ќе биде кај банките кои сами ќе одлучат кои проекти ќе ги финансираат.

Државата може да добие само информација која компанија од која индустрија добила со цел да направиме анализа од кои сектори во иднина може да очекуваме дека ќе дадат позитивни резултати на целокупната економија.Ризикот е кај банките, тие одлучуваат на кого ќе дадат кредит и дали тие компании имаат издржани планови, државата не презема ризик. Во тој дел државата не може, ниту има право да се меша, изјави денеска Димитриеска-Кочоска.

Во вторникот на владина седница беа одобрени 250-те милиони евра наменети за компаниите. Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период од три години. Каматната стапка е 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци. Максималниот износ за кој може да се аплицира е до 10 милиони евра, а во целиот проект вклучени се сите 13 банки.

Средствата наменети за компаниите се дел од унгарската кредитна линија што Владата ја зема од Унгарија за што договорот беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мега пресметка: Сити против Реал во баражот за пласман во осминафиналето во ЛШ
Следна Статија Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет

Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ново поскапување на цигарите, нека му ја мислат пушачите

Од сега пушачите во Македонија ќе плаќаат повеќе за цигарите, откако цената на сите брендови е зголемена за 10 денари…

October 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу…

February 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе од 10.000 хотели во Европа ја тужат платформата „Букинг“

Повеќе од 10.000 хотели низ Европа се приклучија на заедничка тужба против платформата за онлајн резервации Booking.com. Во тужбата се…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?