Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Севернокорејските војници се повлекле од Курск?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Севернокорејските војници се повлекле од Курск?
СВЕТ

Севернокорејските војници се повлекле од Курск?

Објавено January 31, 2025 17:37
Сподели
Сподели

Украина верува дека севернокорејските трупи стационирани во руската област Курск се повлекле поради големите загуби што им ги нанела украинската армија.

„Во текот на изминатите три недели, не видовме ниту откривме никаква активност или вооружена конфронтација со Севернокорејците. Веруваме дека тие се повлекле поради големите загуби што ги претрпеа“, рече полковникот Олександр Киндратенко портпарол на украинските специјални сили.

Информации за тоа беа објавени во американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“.

Пред два дена, Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа „Екс“ напиша дека „некои севернокорејски единици се повлечени од линијата на фронтот во регионот Курск, според извештаите на украинските сили за специјални операции. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да коментира на темата на прашањето за извештајот на Њујорк тајмс за време на брифингот во Москва.

Сеул, Киев и Вашингтон тврдат дека од октомври минатата година, Северна Кореја распоредила околу 11.000 војници во областа Курск, кои треба да и помагаат на Русија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 700 победи за Роналдо во клубовите
Следна Статија Рубио не смета дека Украина може да победи во војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

Дали војната во Украина, поточно обновата која треба да дојде на земјата со европски пари, ќе го потурне влезот на…

February 20, 2026
СВЕТ

Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на…

January 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад…

December 15, 2024
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?