Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете
ХРОНИКА

Taткото на Фросина: Неказнивоста доведе лузер по сите редови и мерила да убива бисер од дете

Објавено January 31, 2025 20:10
Сподели
Сподели

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.

Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Кулаков додаде дека во вака поставено правосудство каде што неказнивоста е примарно нешто, тоа се одразува на сите сфери во животот.

Дали е тоа сообраќај, економија, не знам.. Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството. Тој таков каков што е, лузер по сите редови и мерила, влезен во таков филм го убива девојчето кое е бисер од дете, врвен дизајнер, четврта година со веќе самостојни изложби, со пофалби со награди, и му оставаш од таа неказнивост наместо да е во притвор заради таквиот пристап он е слободен и ја убива. Што повеќе да кажам. Нема што повеќе, рече тој.

Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која пред три години загина исто така на ул.,,Партизанска” во Скопје, даде поддршка на фамилијата Кулакови кои дојдоа на плоштадот по погребот, меѓу луѓето што дојдоа да и оддадат почит на Фросина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
Следна Статија (ВИДЕО) Се прошири обвинението против Диди, судот призна нови случаи на силувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пожар избил во возило во движење на патот Валандово – Дојран

На патот Валандово – Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски…

August 18, 2025
ХРОНИКА

Лишени од слобода двајца полицајци поради оддавање на службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка…

January 25, 2025
ХРОНИКА

Онесвестен маж со повреди на главата пронајден на улица

Вчера во 18.40 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с.Вирово, демирхисарско, бил пронајден во бессознание и со повреди…

May 11, 2025
ХРОНИКА

Маж почина во пожар во неговата куќа

Пожар доцна синоќа избувнал во куќата на 90 годишниот З.Ш. од селото Стримница, во кој сопственикот го загубил животот. Во…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?