Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%
ЕКОНОМИЈА

Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%

Објавено February 1, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги достави податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8-те поголеми синџири на маркети на територијата на целата држава за деновите 24, 30 и 31 јануари 2025 година.

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.

Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212,782,151 денари.

Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213,985,705 денари.

„Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%. Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%“, се наведува во соопштението.

УЈП најави дека ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и на информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот
Следна Статија Кумановка измамена за 30.000 евра – повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од…

June 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора

Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?