Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кумановка измамена за 30.000 евра – повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кумановка измамена за 30.000 евра – повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
ХРОНИКА

Кумановка измамена за 30.000 евра – повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете

Објавено February 1, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Уште еден случај на измама за наводна сообраќајна несреќа регистрира кумановската полиција. Вчера 65 годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 30.000 евра.

И нејзе како и во претходните случаи и се јавило лице кое се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзина ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и ѝ побарало пари за да не ја гонат кривично.

-Вчера во 14:30 часот, 65 годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена, соопшти полицијата, која презема мерки за расчистување на случајот.

Завчера во СВР Куманово биле пријавени три случаи на измама, во кои две лица платиле 4.000 евра, едниот од кумановците се посомневал и пријавил во полицијата без да плати. Жртви на измамата била 66 годишна жена која платила 2.500 евра и уште еден повозрасен кумановец 83 годишен кој платил 100.000 денари. Во сите три случаи, лицето се претставувало како полициски службеник, ги информирал дека нивни блиски членови на семејство, синови или ќерки направиле сообраќајна несреќа во која наводно било прегазен дете мигрант, по што барале пари за да не го гонат кривично.

Лани на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани две измами со сообраќајни незгоди. Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и дека потребна одредена сума на пари за да се изврши операција или да не бидат кривично гонети.

-Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите, соопштија од СВР Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бојкотот го преполови прометот на маркетите: УЈП ги објави податоците, пад на прометот за 46,59%
Следна Статија (ВИДЕО) Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пукал со воздушна пушка кон деца што береле цреши во неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од…

May 17, 2025
ХРОНИКА

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово

На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа…

June 30, 2026
ХРОНИКА

Децата ја спасиле мајката од таткото насилник во Струмичко

Маж, на суров начин, се обидел да ја убие својата сопруга во струмичкото село Просениково, и тоа пред очите на…

November 28, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, директорот на СДСМ на затворот „Шутка“

Осум вработени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за тешка злоупотреба на службената положба,…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?