Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анима Мунди: Дечко со самострел стрела миленици кај градинка и детски игралишта во Хиподром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Анима Мунди: Дечко со самострел стрела миленици кај градинка и детски игралишта во Хиподром
ХРОНИКА

Анима Мунди: Дечко со самострел стрела миленици кај градинка и детски игралишта во Хиподром

Објавено October 29, 2024 17:31
Сподели
Сподели

Итно да се истражи, открие и најстрого казни сторителот кој од чиста забава и во повеќе наврати со самострел нишани и застрелува мирни маалски животни, мачиња и кучиња, во Хиподром, во околина на детската градинка „Пони“, основно училиште „Вера Јоциќ“ и детските игралишта кои се полни со деца, пред кои и се застрелани нивните маалски миленици, реагираат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, споделувајќи фотографии од застреланите животни.

Ова е кутре Нуну, локален миленик, мирна да помирна нема, куче кое децата го обожуваат – изложено на болка и страотно страдање; за среќа сакано и веднаш му е укажана ветеринарна помош. На мачките е стрелано при што се предизвикани и многу посериозни рани, а во еден случај луѓето не успеале да го фатат застреланото и преплашено животно, кое останало со метална стрела во телото. Граѓани се преплашени, гневни, пријавиле во полициската станица Автокоманда и бараат поддршка. Информациите кои бараме да бидат проверени е дека 18 – 19 годишно момче од населбата е видено со ваков вид самострел и посочено како можен сторител. Поединци ни посочуваат дека бил агресивен и во рамки на семејството, велат од „Анима мунди“.

Додека насилството врз животните не се препознава и третира како сериозна психосоцијална девијација и опасност по сите, додека не се превземат најстроги мерки , додека во државни рамки не се промовира соживотот помеѓу човекот и другите живи битија, хуманоста и емпатијата не се поттикнуваат и учат од мали, а ваквите случаи ќе бидат се позачестени и ќе ескалираат многу пошироко. Во случајов секое дете, жител на населбата, случаен минувач е потенцијална жртва на некој кој има без двоумење психосоцијален проблем, решил да се изживува, се осмелил да пука во живи мети и делото го повторува веќе најмалку 5 пати во една седмица!

Повикуваме на итно постапување на службите на МВР , сериозна истрага; постапување на училишните и други служби од доменот на менталното здравје доколку е точно тврдењето дека делото го прави момче од 18/19 години кое од далечина стрела и ужива во болката која ја нанесува и очигледно нема намера да запре, велат од здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Медиумската писменост не е само вештина туку неопходност
Следна Статија Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“

По долго боледување, вчера на 22 ноември во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“. Си замина нашата…

November 22, 2024
ХРОНИКА

Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда ФОТО

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

Денеска во кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведочеше Велибор Манев, кој одговараше на…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?