Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!
ХРОНИКА

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!

Објавено February 1, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Веќе три дена се трага по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал оставка на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.

Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот бил забележан кај селото Марена.

Вчера пак, мобилниот телефон му бил пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема.

-За денес потрагата заврши, имаме доброволци од градот кои се мобилизираа, а исто така и полициските службеници трагаат по Миле. Целата река е проверена, посебно во тој дел каде беше пронајден мобилниот телефон на Миле, ништо не најдовме.

Вчера имаше и куче трагач, но исто така имаше и многу луѓе на местото, па најверојатно се помешаа траговите, кучето не успеа да намириса траг. Ние, семејството на Миле, ги замолуваме сите надлежни институции да дојдат со свои екипи и да ни помогнат во потрагата.

Само полиција и доброволци не се доволно, три дена поминаа! Апелираме до Центарот за управување со кризи, до специјалните единици кои имаат обучени нуркачи во своите тимови, да дојдат со термални камери, да се донесат повеќе дронови, бидејќи сме беспомошни, за ,,Фокус” раскажуваат сестрата и таткото на момчето.

Од СВР Велес потврдуваат дека исчезнатото момче се уште не е пронајдено. Во меѓувреме, семејството освен што апелира за помош од институциите, замолува и за помош од јавноста, доколку некој има било каква информација за случајот, веднаш да се јави во полиција.

Додаваат дека Миле може да биде било каде, и освен во областа каде бил пронајден неговиот мобилен телефон, потребна е опсежна потрага, затоа што можеби тој се наоѓал на некоја сосема друга локација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат тестирани во животот во 2025 година
Следна Статија Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возач на „65-ка“ претепал малолетник од Скопје

На 29.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, С.С.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот на подрачјето на Гази…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Дали доказите на Обвинителството против Палевски се доволни?

Судењето на обвинетите за убиствата за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за оваа година заврши. За десет рочишта, колку што…

December 21, 2024
ХРОНИКА

Трагична приказна за млада жена во Вирџинија: Убиство што шокира

Истрага за убиство на 28-годишна жена по прекин на врската, во присуство на нејзината 4-годишна ќерка

February 2, 2026
ХРОНИКА

Расчистено е убиството во кривопаланечко Луке

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?