Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна
ХРОНИКА

Предложен притвор за скопјанката која удрипешак и побегна

Објавено February 1, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајден е телефонот на исчезнатото момче, семејството бара помош од институциите!
Следна Статија Taкер Карслон праша: Koj во Југославија го нападна НАТО?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја снимал девојката додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со видеото

На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Пешак загина на лице место на патот Штип-Кадрифаково

Вчеравечер во 23.15 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“…

November 19, 2024
ХРОНИКА

Уапсен чаирчанецот кој утрово пукаше од возилото

Денеска околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул.„Цветан Димов“ во населба Чаир,…

March 30, 2025
ХРОНИКА

(Фото и видео) Полицијата во неколку претреси пронајде над 75 илјади пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?