Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %
СВЕТ

Мексико и Канада најавија исти мерки откако Трамп им воведе царини од 25 %

Објавено February 2, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Канада и Мексико кажаа дека соодветно ќе одговорат откако Доналд Трамп им наметна нови царини на трите најголеми трговски партнери на САД. Како што беше најавено, тој воведе царини од 25% за Канада и Мексико и царини од 10% за Кина, казнувајќи ги трите држави зашто не сториле доволно за да спречат наплив на мигранти и фентанил во Америка.

Трамп се закани со уште поголеми давачки ако трите држави се одмаздат.

Канадскиот премиер Џастин Трудо веднаш објави дека неговата земја ќе воведе царини од 25% за серија производи што се увезуваат од САД, како пиво, вино, виски, овошје, зеленчук, парфеми, мебел, облека и обувки.

„Не го сакаме ова, не го баравме ова. Но, нема да отстапиме во одбрана на Канаѓаните“, изјави Трудо.

Со цел да се избегнат царини, Канада вети дека ќе спроведе нови безбедносни мерки долж границата со САД вредни 1,3 милијарди долари.

Белата куќа ја обвини мексиканската влада дека одржува „неприфатлив сојуз со мексиканските организации за трговија со дрога“. Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум го опиша ова како клевета и му наложи на министерот за економија да одговори со царини од 25% за американските добра и со други нецарински мерки.

Кина го осуди потегот на Трамп за воведување царини од 10%, но кажа дека е отворена за разговор со САД за да се избегне продлабочување на конфликтот.

„Потегот на Трамп сериозно ги нарушува правилата на меѓународната трговија. Фентанилот е проблемот на Америка. Кинеската страна оствари обемна соработка во борбата против наркотици со САД и постигна значајни резултати“, кажа кинеското министерство за надворешни работи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маркетите со преполовен промет по бојкотот, Владата утре со детали од инспекциските контроли
Следна Статија Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение, рече Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за паѓањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведувајќи дека…

December 8, 2024
СВЕТ

Трамп му се смее на Маск дека ќе формира нова партија

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка…

July 7, 2025
СВЕТ

Нетањаху умре, за кафе (ВИДЕО)

Израелскиот премиер им одговори на сите дали е починат. Тој се појави во кафуле во Тел Авив порачувајќи кафе: Умрев,…

March 15, 2026

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?