Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех

Објавено February 2, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Ако кажеме дека поединечно, Етика и Логика ги нема, но има Филозофија во која може да се предаваат и Етика и Логика. Од тука, не гледам дека е тоа сериозен проблем, вели во разговор за Гласот на Америка, министерката Јаневска за критиките кон новиот Концепт за гимназиско образование

На прво место ќе дојдат афинитетите на учениците, а со тоа и подобар успех за македонското образование, вели Јаневска.

Причините за промената на концепцијата на гимназиското образование, објаснува Јаневска, е тоа што таа 24 години во Македонија не е променета. Целото општество се согласува дека е потребна промена, додава таа, додавајќи дека токму затоа Министерството заедно со Бирото за развој на образованието, понуди Предлог концепција за новото гимназиско образование.

Како што објасни, во оваа концепција во центарот е поставен ученикот, неговите афинитети кон одредени предмети или кон одредени полиња, области кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење.

Познато е дека, за жал, нашите ученици не покажуваат добри резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Сакавме да направиме концепт кој ќе ги предизвика учениците за да се зафатат за она што тие сметаат дека имаат компетенција, па дури и да е само нивна желба за понатамошно образование. Секако тие што треба да им помогнат, стручните соработници, кариерните советници, би можеле да ги насочат во кој правец треба да се движи нивното понатамошно образование и тоа треба да го направат. Се надеваме дека со еден таков концепт учениците кои пројавуваат интерес за одредени предмети ќе покажат и подобар успех, затоа што со желба ќе ги совладуваат знаењата и вештините и компетенциите од тие предмети. Оттука понудивме пакети во кои, би рекла дел од природно математичките (математика, физика, хемија), дел од општествените (биологија) и хуманистичките науки (историја, географија) ќе одат со продлабочени знаења. Потоа со базични знаења понудивме и повеќе други предмети, во 3. и 4. година да бидат изборни, слично на „IB“ програмата. За разлика од тоа, во 1. и 2. година децата имаат обврзувачки курикулум. Каде што треба да ги стекнат сите базични знаења од сите области кои се предвидени. Поентата е дека тоа што концепцијата насочува кон еден фокус се афинитетите на ученикот и од тука очекуваме негова негов поголем ангажман, постигнување на знаење и постигнување на подобри резултати, вели министерката.

Целото интервју погледнете го на овој линк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“
Следна Статија ЗА ФРОСИНА: Голем протест денес во 17 часот на „Партизанска“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакнувајќи дека станува збор за…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?