Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење
МАКЕДОНИЈА

Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење

Објавено February 2, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Дури 62,6 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека не можат да добијат фер судење, покажува најновата анкета на Детектор. Само 23,5 проценти велат дека можат да добијат фер судење, бројка која е благо зголемена споредено со 2023 година кога на истото прашање потврден одговор дале 19,3 проценти од испитаниците.

Од анкетираните 73,5 проценти сметаат дека правдата во земјава е селективна, бројка која е непроменета во изминатите две години. Во неселективна правда веруваат 19,3 проценти од испитаниците.

Довербата во судството е зголемена од 5,3 на 8,4 проценти. Заедно со оние 18,4 отсто кои велат дека донекаде му веруваат на судството, вкупно 26,8 проценти од испитаниците имаат позитивен став кон судската власт. Воопшто не му веруваат на Судството 51,6 проценти.

На Обвинителството му веруваат 5,8 проценти од испитаниците, додека, пак, донекаде му веруваат уште дополнителни 20,5 проценти. Недоверба имаат 50,5 проценти.

Довербата во полицијата е повисока- при што 19 проценти од анкетирантие велат дека и веруваат, а дополнително уште 29,8 велат дека донекаде и веруваат на полицијата.

Од испитаниците 77,2 проценти сметаат дека постојат надворешни влијанија врз правосудството, додека 10,8 проценти сметаат дека е независно.

Дека поголемиот број на процеси во изминатите години против поранешни и актуелни функционери не биле фер и праведни сметаат 64,4 проценти.

Големо е мнозинството на граѓани кои сметаат дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да бидат распуштени. Дури 57,8 проценти од испитаниците велат дека треба целосно да се распушти Судскиот совет, а 54,6 сметаат дека треба да се распушти Советот на јавни обвинители.

Анкетата телефонски за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), во периодот од 24 до 27 декември 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аларм во Германија: Стапката на невработеност е највисока од 2015 година.
Следна Статија Анкета на „ОМНИБУС“: Високи 52% од граѓаните мислат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ подобро се справува со проблемите во економијата од Владата на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот. -Денес им оддаваме почит на сите…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Каква и да биде одлуката за балансерот, нема да биде политичка

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, е оптимист дека одредбите од Законот за административни службеници оспорени пред Судот, а познати…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?