Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: Ќе постапиме по Одлуката на Уставниот суд и ќе ги сервисираме создадените обврски од Буџетот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: Ќе постапиме по Одлуката на Уставниот суд и ќе ги сервисираме создадените обврски од Буџетот
ЕКОНОМИЈА

МФ: Ќе постапиме по Одлуката на Уставниот суд и ќе ги сервисираме создадените обврски од Буџетот

Објавено February 5, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Министерство за финансии ќе постапи по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисира создадените обврски од Буџетот.

Од Министерството за финансии, посочуваат дека нема да коментират судски одлуки, откако Уставниот суд денеска донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, што значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании.

– Министерството за финансии нема да коментира судски одлуки, вклучително и денеска донесената од страна на Уставниот суд. Согласно надлежностите како Министерство за финансии ќе постапиме по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисираме создадените обврски од Буџетот, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра). Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

Постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставниот суд ја поведе на 20 ноември минатата година со спојување на повеќе предмети, а на денешната седница беше донесена конечната одлука. Судот, тогаш, изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им биле повредени правата, имаат право да бараат од надлежниот орган да се поништат решенијата со кои им се повредени правата.

– Вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволено. Значи правната сигурност на субјектите во правото тие мора да имаат правна предвидливост и правната сигурност. Субјектите во правото мораат да знаат што ги чека, не може сред игра да им ги менуваш правилата на игра. Тоа е правната предвидливост, тие носат проекции и во тоа се состои суштината на владеење на правото. Кога владее правото ти знаеш што те очекува, дека оваа година на толку остварен профит, толку данок ќе платам. Се друго води кон правна непредвидливост и правна несигурност, изјави Костадиновски.

На крајот на денот, посочи Костадиновски, во услови на немилосрдна борба да привлекување странски инвестиции каква порака се праќа до економските субјекти.

– Дека државата може по потреба кога ќе и текне да воведе данок. Овој пат е за солидарност, утре ќе биде за нешто друго. Не, таа тежина на повредата и особено ретроактивното дејство беше клучно за одлуката да биде поништувачка, изјави Костадиновски.

Подносители на иницијативите се Финмак ДОО, Скопје (У.бр.179/2023), Стопанска комора на Република Северна Македонија (У.бр.183/2023), ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје (У.бр.187/2023), Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје (У.бр.190/2023) и Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зеќири + Партнер ДОО (У.бр.197/2023).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании
Следна Статија Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

„Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Банките имаат повеќе од два месеца да ги променат условите за кредитите за прв стан

Банките имаат повеќе од два месеца за подготовка и проценка за примена на новите правила на Народната банка при давањето…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска…

February 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?