Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување
МАКЕДОНИЈА

Муртезани се сретна со Марта Кос, еврокомесарката за проширување

Објавено February 5, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Во фокусот на разговорот беа реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Министерот Муртезани го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда на Македонија, истакнувајќи дека Владата активно работи на исполнување на реформските цели и дека успешната имплементација на Реформската агенда ќе претставува значаен фактор за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ, како дел од процесот на пристапување. Тој исто така ја нагласи посветеноста на земјата кон целосна имплементација на важноста на Планот за раст, кој ќе биде главна тема на претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Скопје, во март годинава. Муртезани изрази увереност дека Македонија е подготвена да продолжи со конкретни чекори кои ќе ја приближат земјата кон Унијата.

„Македонија останува цврсто посветена на своите стратешки интереси за успешно реализирање на нашето европско досие. Подготвени сме да преземеме неопходни реформи и да се фокусираме на принципиелни решенија кои ќе бидат во интерес на државата и сите нејзини граѓани. Со стабилност, напредок и конструктивен дијалог, ќе ја оствариме нашата цел – полноправно членство во Унијата.“ – нагласи МЕП Муртезани.

Соговорниците разменија мислења и за уставните измени во контекст на предизвиците на европскиот пат. Тие констатираа дека добрососедските односи се од клучно значење за напредокот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија и дека сите решенија треба да бидат во согласност со волјата на граѓаните. Изразена беше подготвеноста за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ, базиран на принципите на стабилност, помирување и заедничка одговорност, соопштуваат од СЕП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка
Следна Статија (ВИДЕО) Читач од усни откри што ѝ шепна Џеј Зи на Бијонсе кога ја доби Греми наградата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за посетата на Минхен и Вашингтон: Преку пркос да ја покажеме вистината, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за Македонија!

Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за Македонија…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работен состанок со раководството на СВР Скопје Директорот на Бирото за…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?