Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот директор на СОЗР како лажен новинар присуствувал на меѓувладина седница во Софија

Објавено February 5, 2025 19:01
Сподели
Сподели

По денешната кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, во јавноста се откриваат нови детали во контекст на обвинението за несовесно работење во службата.

Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија.

Поранешниот директор на СОЗР се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар, заедно со уште петмина во негова придружба, нарекувајќи ги новинари и уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион, наводно да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.

Уште едно од делата, поради кое е поднесена кривичната пријава е тоа што поранешниот директор на СОЗР дозволил една година владиниот авион да биде управуван од пилот, кому му се давала плата како да е капетан. Па така, иако пилотот немал капетанско звање, си наплатил 56 илјади евра за услугите, чијашто исплата ја одобрил Мирчевски.

Кривичната пријава за Пеце Мирчевски се однесува за сторени кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, а за сопственик на фирма од Скопје  поднесена е пријава за сторено кривично дело – давање поткуп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Читач од усни откри што ѝ шепна Џеј Зи на Бијонсе кога ја доби Греми наградата
Следна Статија Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан

Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?