Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе продолжиме да градиме социјални згради низ другите градови, приоритет е намалување на цената на комерцијалните станови

Објавено February 7, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Велес на доделување на социјалните станови.

Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, градоначалникот Марко Колев, пратеници.   

Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај изградбата на социјалните станови,  приоритет е изградба и на комерцијални згради се со цел да се интервенира на пазарот на недвижности и да се намали цената на станбениот квадрат.

“Се сеќавате дека бевме тука и во моментите кога се грaдеше оваа зграда. Драго ми е што е завршена и драго ми е што семејствата кои што денеска ги сртенавме ќе можат да градат една попристојна иднина и да можат да најдат топол дом. Како што спомнавме ќе продолжиме и во следниот период да работиме на изградба на слични вакви објекти и во останатите градови за да помогнеме на што повеќе семејства колку што можеме, а исто така преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интевревнираме во цената на квадратот која што за жал достигнува во одрeдени градови и огромни суми кои што мораат да одат надолу. Така што во следниот период ќе не има многу со вакви и слични проекти кои што доаѓаат”- изјави вицепремиерот Николоски

Зградата во Велес брои 29 станбени единици и 29 подрумски простории. Становите се изградени по програмата на Владата за изградба на згради за социјално ранливи категории граѓани.

Директорот на АД за станбен и деловен простор истакна дека веќе следната недела ќе се распише јавниот оглас за продажба на становите од комерцијалната зграда во Битола што ја гради ова акционерско друштво. Како што најави вицепремиерот Николоски, цената ќе биде илјада евра за метар квадаратен за станови и две илјади евра за метар квадратен за деловни простории.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mуртезани на средба со познат лик во Македонија
Следна Статија K – 15 – Zoran pogresno parkiran

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе се произнесе по кандидатурите за републички јавен обвинител, откако тоа ќе го направи Советот на јавни обвинители

Сега постапката е да се произнесе Јавното обвинителство, односно Советот на јавни обвинители, да почекаме тие да се произнесат, а…

January 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Стармер договорија стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство

Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Детално ќе ги испитаме наводите за незаконско следење на комуникациите, велат од Обвинителството

ОЈОГОКК ќе ги испитува обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски и првиот човек на Агенцијата за национална безбедност Христијан Мицкоски дека…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?