Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата

Објавено February 8, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, посочува дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната валута и дека во изминатиот период, и покрај кризите, тие речиси непрекинато растеа, како гаранција за задржување на стабилноста на девизниот курс.

Ангеловска-Бежоска посочи дека растот на девизните резерви главно се должи на откупот на девизи од страна на централната банка на девизниот пазар, којшто речиси постојано се остварува од средината на 2023 година. „Вкупно за изминатите две години ние како централна банка на девизниот пазар откупивме 750 милиони евра, со што во целост се надомести износот којшто беше искористен за интервенции на девизниот пазар во периодот на пандемијата и во периодот на енергетскиот шок. Сето ова јасно говори за воспоставените силни одбранбени механизми од идни потенцијални ризици и шокови, заради натамошно одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута“, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочува и дека несомнено странските директни инвестиции имаат позитивен придонес кон порастот на девизните резерви. „Во претпандемичниот период, странските директни инвестиции изнесуваа околу 3,5% од БДП, во просек, по забавувањето во текот на пандемијата следеше процес на постепено закрепнување, а минатата година во првите три квартали достигнаа 5% од БДП, што е солидно ниво според историските параметри“, истакна Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека странските директни инвестиции не се важни само за порастот на девизниот потенцијал во нашата економија, туку поопшто за инвестицискиот циклус и за побрз раст и зголемување на нивото на доходот, којшто кај нас за жал сѐ уште е низок.

Ангеловска-Бежоска истакна дека за остварување повисок економски раст особено е важна и солидната кредитна поддршка за граѓаните и компаниите од страна на банкарскиот сектор, чијашто стабилност и капацитет за кредитирање се зајакнати и покрај кризниот период, а адекватноста на капиталот е највисока во последниве две декади. Ова се должи меѓу другото и на мерките коишто ги преземаше централната банка. Гувернерката посочи дека важна улога за зголемувањето на инвестициите има и растот на зеленото кредитирање коешто во изминативе години се удвои од 2,2% на 4,4%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сенаторот Џон Кенеди откри дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од УСАИД
Следна Статија Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49…

October 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?