Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

Објавено February 9, 2025 09:09
Сподели
Сподели

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто на ТВ Сител.

Тој потенцира дека со чесна и посветена работа се успеало да се оствари зголемување од 75 % на карго превозот и 37 % на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година споредено со истиот период од претходната година.

“Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута, луѓето ќе имаат предвидливост за патувањето. Наутро ќе дојдат за Скопје, попладне ќе се вратат. Дополнително планираме почести возови за Битола и за Прилеп, разгледуваме да отвориме мегуѓрадски возови за Тетово и Гостивар, во перспектива да ја вратиме линијата кон Штип и Кочани. Ова е разликата од претходно кога имаше нула локомотиви”- истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на пругата кон Бугарија, вицепремиерот најави дека е формирана комисија од македонска страна и очекува од Бугарија да потврдат дека се подготвени да инвестираат во проектот, за што ќе биде потребна заедничка заложба и договор.

“Бугарската влада испрати еден текст, во суштина тоа е во рамки на претходно разговараните технички прашања во Софија и во Брисел. Ние формиравме комисија од наша страна, покрај мене тука е министерката за финансии, министерот за надворешни работи и директорот на Железници Инфраструктура. Очекуваме слично да се формира и од нивна страна, да поразговараме, да се договориме и да добиеме јасна заложба од бугарска страна дека навистина тие се спремни да вложуваат. Не е само да имаме железничка линија од Скопје до Крива Паланка, туку да се поврземе со Софија и Бургас, што ќе го направи коридорот 8 функционален “ – додаде вицепремиерот Николоски.

Тој дополни дека остануваат трите суштински услови, а тоа е дека мора да има тунел што ќе спојува, Бугарија го изведе својот дел од пругата и да го реконструира делот кој што веќе постои и трето да се направи ревизија на цената на проектот на македонска страна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Водолија – недела, 9 февруари 2025
Следна Статија (Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Локализиран е пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување

Поранешната специјална обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата,…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Енвер Беџети, судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД

Апелациониот судија Енвер Беџети, покрај Артан Груби од ДУИ, е меѓу 14-темина на новиот црн список на Американскиот Стејт Департмент…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона

ЕСМ соопшти дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?