Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
ЕКОНОМИЈА

Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга

Објавено February 9, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај автопатските врски од Охрид до Кичево и од Тетово – Гостивар до Букојчани што се во фаза на градба, ќе се гради и патот од Букојчани до Кичево со што ќе се оствари целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга и кој претставува прв целосно нов автопат што го започнува оваа Влада.

– Успеавме со Европската банка за обнова и развој да обезбедиме доста поволен кредит. Проценетата вредност на овој автопат е околу 123 милиони евра. Она што особено ме радува е што успеавме да добиеме 20 милиони евра грант од банката што не е мала работа, се работи за околу 20 проценти од вкупната вредноста на автопатот. Во моментов има претквалификација, очекувам во текот на пролетта или летото да се избере изведувач и на крајот на 2028-та, почеток на 2029 година кога ќе заврши делницата Тетово – Гостивар – Букојчани ќе се заврши и делницата Кичево – Букојчани, а претходно веќе до крајот на следната година ќе е готова Кичево – Охрид, и на тој начин ќе имаме едно целосно поврзување. И ова е прв целосно нов автопат кој што го започнуваме како Влада, рече Николоски во гостувањето на Тема на денот на Сител телевизија. 

Појасни дека целата делница Букојчани – Кичево со се спојката е во должина од 12,7 км, на која е предвидено изградба на повеќе мостови, вијадукти и тунел. Според него теренот е доста предизвикувачки и е вели, најтешкиот дел, кој што ќе биде инженерски најтешко да се совлада. 

Во однос на железничкото поврзување од Коридорот 8, тој кажа дека на пругата кон Бугарија се заврши првата делница од 31 км од Куманово до Бељаковце, активно се работи на втората делница од 34 км од Бељаковце до влез на Крива Паланка и оти се надева дека за брзо време ќе почнат да ја работат и третата делница откако ќе биде постигнат договор со Бугарската Влада околу тунелот кој заеднички ќе се гради.

– Драго ми е што конечно дискусијата се сведе на техничко ниво, а не на политичко ниво. Јас доста отворено минатото лето излегов со проблемите кои што тој проект ги имаше и тоа беа чисто технички проблеми. За жал, тогаш Бугарија беше во предизборие и тоа политички се злоупотреби. Откако страстите се оладија сите сваќаат дека сме било во право. Трите работи за кои што зборувавме излегуваат дека се така – дека мора да имаме тунел кој што ќе спојува, а не кој ќе оди до пола, дека Бугарија мора да го изведе својот дел од пругата и да го реконструира делот кој што веќе постои, и трето ние мора да направиме ревизија на цената затоа што е невозможно толку скапа да е цената, вели министерот Николоски. 

Тој не даде конкретен одговор на прашањето во однос на рокот кога може да се очекува дека ќе се договорат двете влади за тунелот кој што заеднички ќе се гради.

– Бугарската Влада испрати еден текст во суштина тоа е во рамки на тоа што го разговараа на техничко ниво делегациите и во Софија и во Брисел. Ние формиравме комисија од наша страна – покрај мене тука е министерката за финансии, министерот за надворешни работи и деиректорот на Железница – инфраструктура. Очекуваме слично да се формира и од нивна страна, да поразговараме, да се договориме и да добиеме јасна заложба од бугарска страна дека навистина и тие се подоготвени да трошат пари. Затоа што не е поентата ние да имаме железничка линија од Скопје до Крива Паланка, таа и вака и така ќе ја имаме. Поентатата е да имаме железничка линија од Скопје до Софија и до Буграс и на тој начин Коридорот 8 на источната страна да добие смисла, вели Николоски.

Во однос на состојбата во Железници тој кажа дека за само шест месеци успеале да оспособат осум активни локомотиви за карго превоз и шест патнички возови.

– Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна Николоски.
 
Со тоа според него, успеале да остварат зголемување од 75 проценти на карго превозот и 37 проценти на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година, споредено со истиот период од претходната година. Наведе и дека повторно е пуштена железничката линија Скопје – Куамново. 
 
– Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута, луѓето ќе имаат предвидливост за патувањето. Наутро ќе дојдат за Скопје, попладне ќе се вратат. Дополнително планираме почести возови за Битола и за Прилеп, разгледуваме да отвориме мегуѓрадски возови за Тетово и Гостивар, во перспектива да ја вратиме линијата кон Штип и Кочани. Ова е разликата од претходно кога имаше нула локомотиви, потенцира вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“
Следна Статија Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски

Компаниите од земјава кои се дел од странски корпорации, а остваруваат приход над 10, а профит поголем од 1 милион…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Протест на оризопроизводителите поради проблеми, од МЗШВ најавуваат итни решенија

Намаленото наводнување на оризовите посеви ќе има големо негативно влијание. Повисоки субвенции и промена во критериумите - со вакви барања…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште

Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата,…

May 26, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?