Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот
МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот

Објавено February 9, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.150 испитаници од целата територија на Република Македонија.Анкетата била насочена кон мерење на јавното мислење на граѓаните на теми поврзани со меѓуетничките односи. Целта на истражувањето беше да се добијат релевантни податоци за перцепциите, ставовите и искуствата на граѓаните во однос на меѓуетничките односи, нивниот развој и можностите за подобрување

Анкетата била дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.Прашањата во анкетата биле формулирани така што ќе обезбедат систематски увид во јавното мислење, покривајќи различни аспекти на меѓуетничките односи.Вклучени биле:– квантификативни прашања со скали за мерење на ставови (на пример, од 1 до 5);– дихотомни прашања (да/не);– перцептивни прашања за тоа како граѓаните ја оценуваат моменталната состојба и идниот развој на меѓуетничките односи.Овие методолошки пристапи овозможиле детална анализа на трендовите, разликите во перцепциите и клучните фактори што влијаат врз јавното мислење.

И покрај тоа што значителен дел од испитаниците сметаат дека развојот на меѓуетничките односи е приоритет за Владата, анкетираните во исто време препознаваат политичката злоупотреба на етничките прашања како значајна пречка во овој процес.

Податоците покажуваат дека мнозинството граѓани веруваат дека одредени политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да ја поткопаат борбата против криминалот и корупцијата во институциите. Овие наоди сугерираат дека, иако постои свест за важноста на меѓуетничките односи, граѓаните се свесни и за предизвиците што произлегуваатод нивната политичка инструментализација.

Резултатите од анкетата покажуваат и стабилност во меѓуетничките односи. Имено, повеќето испитаници сметаат дека состојбата се подобрува или останува иста, при што младите генерации се гледаат како поотворени и потолерантни во однос на постарите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и договореното со Владата
Следна Статија Николоски: Од утре во Битола продажба на државни комерцијални станови, метар квадратен ќе чини 1.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сопствениците на опожарениот авто сервис во Пинтија собираат донации за да ја исплатат штетата на клиентите

Сопственичката на авто сервисот во Пинтија во кој беше подметнат пожар утрово на Фејсбук сподели дека собираат донации за да можат што…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Револтирана скопјанка: „Не по 3, по 5 илјади нека ви продаваат квадрат – да уживате во смрдеата“

Револтирана скопјанка сподели фотографии од преполни контејнери и купишта отпад покрај нив во дел од најстрогиот центар на главниот град…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?