Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица
ЗДРАВЈЕ

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

Објавено February 10, 2025 12:44
Сподели
Сподели

Новата компресорска станица за хируршките клиники во Скопје, денеска беше официјално пуштена во употреба.

Компресорската станица веќе функционира, има три нови компресори, има комплетно нова инсталција. За среќа, тука е и стариот компресор, кој ќе стои како бекап, евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми кои ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, салите во Клиниката за ОРЛ, Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба, изјави денеска на средба со новинарите министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој кажа дека од денеска се користи компресорската станица со сите елементи кои ги исполнуваат сите стандарди.

Решивме проблем кој постоеше подолго време на Клнички центар, станцата е подготвена ако е потребно да се приклучат и други клиники, изјави Таравари.

Лани во мај, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

На 22 јануари, Министерството за здравство информираше дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗЕЛС: Малолетниците вандали ќе вршат општокорисна работа, а ќе им се придружат и родителите
Следна Статија Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Предлог-законот за заштита од пушење не претставува удар по угостителството, велат од Министерството за здравство

Пушењето е личен избор на граѓанинот, но заедничкиот затворен простор кој се користи од страна на целиот колектив не смее…

January 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните последици од вдишувањето на азбест во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани,…

March 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пет начини на кои инјекциите за намалување на телесната тежина ги менуваат навиките на потрошувачите

Со растечката популарност на GLP-1 лековите, како бизнисите се прилагодуваат на нов тип потрошувачи?

January 26, 2026
ЗДРАВЈЕ

Уништена небезбедна храна во Крива Паланка

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?