Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
ХРОНИКА

Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева

Објавено February 10, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева, денеска во Основниот суд во Штип на вовоедните и завршни зборови побараа обвинителот во Основното јавно обвинителство и двајцата адвокати на семејството Пешеви. На Зејнелов му се суди за кривично дело убиство извршено при семејно насилство или фемицид.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Обвинетиот Зејнелов ја призна вината и рече дека мотивот за убиството е неверство.

Родителите на Емилија Пешева сметаат дека правдата за нив е доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка. Тие сведочат дека Зејнелов по извршување на убиството веднаш не се пријавил во Полициска станица Штип, туку заминал да ги потроши во коцкарница парите кои ги земал од нивната ќерка, а има и десетина повици упатени кон мајката на Емилија за да праша дали нејзината ќерка се вратила дома. Откако се осигурал дека Емилија не се вратила дома, се пријавил во Полициска станица-Штип.

– Барам доживотна казна затвор.Тоа имам да му порачам и да го замолам судијата, кога ќерка ми ќе излезе од гроб, тогаш и убиецот нека излезе од затвор, изјави мајката на Емилија Пешева.

Таа вели дека дента кога Зејнелов ја повикал да се видат во напуштениот објект на ЈП „Исар“ во близина на нивниот дом, во последен момент не дозволила со неа да замине и синчето на Емилија.

Родителите на Пешева тврдат дека Емилија постојано била малтретирана и тепана од страна на Зејнелов.

Претседател на судскиот кривичен совет, при Основниот суд во Штип за овој судски предмет е судијата кривичар Сашко Георгиев, кој откако завршија воведните и завршни зборови на обвинителството и адвокатите на убиената Пешева и на адвокатот по службена должност на Зејнелов, најави дека пресудата ќе биде објавена во среда на 12 февруари 2025 година во 13 часот во Основниот суд во Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица
Следна Статија Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Со 1400 евра е казнета фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“

Фирмата што увезе 40 тони јајца пред Велигден за да ги обележи како „македонски“ е казнета со 1.400 евра Агенцијата…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Трагедија во скопска судница: Почина сведок

Трагичен случај вчера во Граѓански суд во Скопје. Како што соопштија денеска од полицијата, маж кој бил сведок на судење…

October 15, 2025
ХРОНИКА

ВИДЕО: Како изгледа дискотеката во Кочани по огромната трагедија?

Голема трагедија ноќва се случи во Кочани и ја зави цела Македонија во црно. Според официјалните информации, до сега има…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?