Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од Албанија, куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од Албанија, куќен притвор
БАЛКАН

За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од Албанија, куќен притвор

Објавено February 10, 2025 19:51
Сподели
Сподели

На барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој беше уапсен попладнево, му е изречена безбедносна мерка затворски притвор, додека на неговата сопруга Ајола Ѕоѕа, во отсуство и е одреден куќен притвор.

Ѕоѕа веќе два дена е во странство, поточно во Рим, Италија.

Специјалниот суд определи мерка редовно јавување во судот за пет бизнисмени кои добивале сомнителни тендери од Општина Тирана. Истрага е почната и против пратеничката К.Б. дела кои го спречуваат дознавањето на вистината, се наведува во соопштението на СПАК.

Со одлука на судот на сите лица опфатени во ова досие привремено им е конфискуван недвижен имот, вили, станови, а на сопругата на Велиај, Ѕоѕа и граѓанска организација преку која и биле префрлувани пари, блокирани се средства од околу 900.000 евра во две банки.

СПАК против Велиај водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.

На 6 декември, по налог на Специјалниот суд беше извршен претрес во домот на Велиај, во неговите службени канцеларии, како и работните простории на неговата сопруга, на која и беше земен и мобилниот телефон.

Велиај на распит во СПАК беше неколкупати, а денеска е уапсен во неговиот кабинет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неверојатно ВИДЕО: Ајкула скокна во рибарски брод – погледнете ја реакцијата на екипажот!
Следна Статија Тејлор Свифт ја исвиркаа на „Супер Болот“, Трамп и фаќаше сеир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Алпак Капитал“ го купува медиумскиот бренд „Адриа њуз“

Меѓународната инвестициска групација „Алпак Капитал“ постигна договор со „Јунајтед Груп“ за купување на „Адрија њуз нетворк“ (АНН), што ги обединува…

May 29, 2026
БАЛКАН

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на…

March 11, 2025
БАЛКАН

Коста Кецмановиќ: Jaс сум псиихопат

Во Белград продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ за убиството на своите соученици. Во судницата десето одговараше на прашањето…

March 27, 2026
БАЛКАН

Тројца мртви во тешка сообраќајка на Халкидики: Загинаа татко, мајка и бебе

Татко од Молдавија почина од тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа на Халкидики, откако неговата сопруга и нивното бебе починаа…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?