Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Харадинај: Поголем ајван од Курти нема, си имаме работа со вистинска будала
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Харадинај: Поголем ајван од Курти нема, си имаме работа со вистинска будала
БАЛКАН

Харадинај: Поголем ајван од Курти нема, си имаме работа со вистинска будала

Објавено February 11, 2025 18:41
Сподели
Сподели

Кандидатот за премиер од Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај ја отфрли можноста за коалицирање со косовскиот премиер Албин Курти. Тој во понеделникот најави дека ќе соработува со опозициските партии за формирање мнозинство.

Тој смета дека прелиминарните резултати од изборите на 9 февруари не се задоволителни и додаде дека очекува да има вкупно околу 70.000 гласови.

„Чест ми е да и помогнам на опозицијата, никогаш со господинот Курти. Со задоволство би соработувале со опозициските политички субјекти за да се формира мнозинство, што реално е можно доколку имаме волја. Ние сме подготвени за тоа. Без никакви услови. Не бараме никаков услов што ќе не спречи да одиме напред“, рече Харадинај, цитиран од Косев.

Тој понатаму изјави дека овој моментален резултат не е добар за Косово.

За обвинувањата на Курти, кој опозицијата ја нарече „ајвани“, Харадинај рече дека овој епитет повеќе му одговара.

„Поголем ајван од премиер кој по четири години на власт кажуваше вицови во текот на целата кампања. За жал, тоа е нашата реалност. Верувам дека граѓаните на Косово вчера можеа да видат кој е тој. Значи, премиер кој не го постигна очекуваниот резултат, а ниту јас не го постигнав тоа што го очекував, но го знаете мојот јазик, првпат употребувам навреда и тоа како одговор кон него. Но, како опозиција, и со слаб резултат, го сочувавме достоинството на нашиот изборен процес, не направивме никакви интервенции што ќе ја нарушат нашата демократија и Косово. Тој што не победи, така излегува и навредува и вика, само тоа е нашата реалност. Имаме работа со личност која е навистина будала. Ќе направиме грешка да го наречеме монструм, тој е нешто полошо“, изјави Харадинај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aна Бекутa: Jaс од денеска навивам за Лука и Лејкерси
Следна Статија Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ

Вишиот суд во Белград го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен…

March 8, 2025
БАЛКАН

Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската…

March 17, 2025
БАЛКАН

Од каде ѝ се куќите на Захариева во Бугарија и на Халкидики, се прашуваат европратеници

Две куќи во сопственост на кандидатката за еврокомесарка за истражување и иновации, Екатерина Захариева и на нејзиниот сопруг Ангел Захариев,…

October 6, 2024
БАЛКАН

Ковачев: За темите за идентитетот и јазикот нема место во извештајот, се отвора пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?