Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции
БАЛКАН

ВЈТ Белград: Приведени осуммина, подготовувале напади врз државни институции

Објавено June 30, 2025 00:38
Сподели
Сподели

Во заедничка акција на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР на Србија и на Безбедносно-информативната агенција денеска се уапсени осум лица поради сомневања за кривично дело „Подготовка на кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.

– Попладнето беа уапсени Д.С. од Ниш и Д.С. од Белград, додека Л.С. беше уапсен порано денеска од Заечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш – соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград.

Постојат основи за сомневања дека на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, тие договориле и подготвиле напад врз државни институции, блокирање патишта и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок.

Доцна попладнево и вечерва во Белград има големи протести на студентите во блокада и граѓани кои ги поддржуваат. Блокирани се населби, раскрсници и се одржува голем протест пред Палатата на правдата. Блокиран е вечерва и мостот Газела како и Панчевачки мост.

Студентите во блокада објавија дека приведените се студенти на факултети во Србија. Протести има и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Заечар, Лозница…Тие повикаа на граѓанска непослушност со блокирање на клучни точки на локално ниво, јавија белградските медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!
Следна Статија Блокираат раскрсници: Откако им пропадна протестот, блокадерите не се откажуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Радев на иста линија со Филипче: Потребни се уставни измени и спроведување на вториот протокол

Политичкото раководство на државата Република Македонија тврдоглаво оди против интересот на сопствените граѓани за побрза европска интеграција, рече денеска премиерот…

June 18, 2026
БАЛКАН

Како се збогатил Милорад Додик: нафта за време на војната, камиони за шверц на цигари од Македонија и кредити кои не ги враќал

Милорад Додик во своите млади денови ја сфати профитабилноста на комбинирањето на политиката и бизнисот. Имаше 27 години кога во…

March 15, 2025
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување

Денеска, на Меѓувладината конференција за пристапување во Брисел, Албанија ги отвори преговорите во Група 3, Конкурентност и инклузивен раст, која…

May 23, 2025
БАЛКАН

Масакр во Скадар, убиени најмалку три лица во вооружена престрелка (ВИДЕО)

Вооружен инцидент се случил вчера попладне во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?