Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

Објавено February 12, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од членот 25 став 3 од Закон за јавно обвинителство, јасно е дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сакајќи да им удоволи на обвинителите од поранешното СЈО, лекомислено и без анализа какви можат да бидат правните последици, бидејќи очигледно толку го владее правото, се излета и направи крупна професионална грешка со тоа што по негова директива, Советот на јавни обвинители, заедно со него, донесе скандалозна одлука, поставувајќи вршител на должноста раководител спротивно на одредбите од Законот за јавно обвинителство. Вака суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ја прокоментира последната одлука на Советот за јавни обвинители, кој одлучи друг обвинител да ја преземе неговата функција, иако за тоа нема никаков законски основ.

Како што е познато, вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители ја прелеа чашата на незадоволството на Владата од обвинителот Коцевски и таа одлучи Министерството за правда да поведе активности за негово разрешување.

„Сведоци сте за тоа дека постојано зборував за тоа дека републичкиот јавен обвинител е само фигура, дека тој е октроиран од обвинителите од поранешното СЈО и дека слепо ги реализира нивните барања. Со ова се потврди тоа дека сум бил во право. Овој јавен обвинител ќе се памети по тоа што служеше на една криминална банда на обвинители, кои ја оцрнија целата фела. Тука мислам на бандата предводена од неколку обвинители од поранешното СЈО. За жал, Коцевски, сакајќи да ги спаси нив од нивните криминали во СЈО, самиот си ја запечати кариерата“, вели Хајрулахи.

Тој додава дека сервилноста на Советот на јавни обвинители е повеќе од очигледна.

„Токму од овие причини, повеќе од потребно е што побрзо да се реформира и тоа тело, зафатено од канцерот наречен СЈО. Слепите извршители на Коцевски треба да се соочат со правдата и кривично да одговараат за незаконски донесените одлуки“,  категоричен е Хајрулахи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сакаа да ми забранат да судам затоа што сум ќелав, вели Колина
Следна Статија Најтесниот стан во Јапонија го шокира светот: Добив напад на клаустрофобија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување, почит и признавање на македонскиот јазик

Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секој трети граѓанин во земјава дал мито

Секој трети граѓанин во Македонија дал одреден вид мито за да му се заврши некоја работа. Ова го покажуваат податоците…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска: Поднесов тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?