Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Објавено November 1, 2024 23:32
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад.

– Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.

На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од повредените во инцидентот во Арачиново им подлегнал на повредите
Следна Статија Васко Саздовски е Македонецот кој трагично загина во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Злато за Алексиј Тасиќ, сребро за Дамјан Давков на светската олимпијада по математика во Австралија

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се воведува нов начин на плаќање во автобусите на ЈСП

ЈСП Скопје информира дека воведен е нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?