Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Села си ја врати „Алијанса“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Села си ја врати „Алијанса“
МАКЕДОНИЈА

Села си ја врати „Алијанса“

Објавено February 12, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека врз основа на донесената одлука од страна на Основниот суд во Тетово, тој е претседател на партијата.

-Денеска по втор пат Основниот суд во Тетово одлучи дека претседател на Алијансата за Албанците треба да се регистрирам јас Зијадин Села како нивен претставник и претседател на Алијансата за Албанците. И тука сум да ја соопштам веста пред членството на АА и пред граѓаните, бидејќи политичките партии имаат димензии и се основани за општото добро, рече тој.

Според Села, во моментов ова е важен чин и момент, бидејќи, како што посочи, веќе се разјаснува патот на Алијансата за Албанците.

-АА припаѓа на неговите основачи. АА се враќа во неговите корени и како таква разјаснувањето на оваа ситуација во врска со тоа на кого му припаѓа Алијансата за Албанците е многу важно и за граѓаните на Република Македонија, пред се на Албанците, на другите заеднички заедници, рече тој.

На новинарско прашање дали ќе ја прифатат одлуката доколку повторно Апелациониот суд ја укине, Села очекува дека и во втората фаза ќе ја добијат битката по прашањето на кого му припаѓа Алијансата за Албанците.

-Основниот суд во Тетово постапил врз основа на забелешките на Апелациониот суд првиот пат предмет кога беше обжалена. Ние, преку нашиот правен застапник, постапивме врз основа на забелешките на Апелациониот суд. Сега нема никаква причина, оти не само што е постапено стопроцентно и според дадените забелешки од Апелациониот суд за тој да донесе спротивна одлука од донесената одлука на Основниот суд во Тетово. Очекуваме дека и во втората фаза ќе го добиеме ова прашање и за волја на вистината, колку побрзо ова прашање дојде до епилог, толку појасно ќе биде политичкото дејствување, не само за Алијансата за Албанците, туку воопшто за албанската политичка сцена, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери
Следна Статија K-15 Zoran Pogresno Parkiran

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4-ти мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука…

April 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паневропска унија: Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите

Неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет и со кој…

January 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи МФ да обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот

Владата денеска на седница го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?