Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок
ЕКОНОМИЈА

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок

Објавено February 12, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е важен чекор во зачувувањето на правната сигурност и предвидливоста на деловното опкружување во Северна Македонија.

Како општествено одговорна компанија, Макстил е подготвена на разговори со Владата со цел да се најдат одржливи решенија кои нема да имаат негативни импликации врз бизнис-секторот и економскиот развој на државата. Согласно законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за поврат на средствата исплатени за солидарниот данок.

Дополнително, Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии, динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата. Сметаме дека секоја одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во институциите.

Во овој контекст, Макстил верува дека е неопходен структуриран и транспарентен дијалог помеѓу Владата и бизнис-заедницата за да се изнајдат ефективни мерки за поддршка на јавните финансии, без да се наруши стабилноста на стопанството и инвестициската клима во земјата.

Остануваме посветени на одржливото работење, поддршката на економскиот раст и конструктивната соработка со институциите за креирање на стабилни и предвидливи економски политики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија K-15 Zoran Pogresno Parkiran
Следна Статија Уставен суд му дава рок од шест месеци на Парламентот да ги отстрани штетните одредби од Законот за кривична постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Миноски: Минималната плата во Македонија е ниска

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 оцени дека минималната плата во Македонија е ниска и…

January 17, 2026

Microsoft Office 2019: Економично решение за Windows корисници

Достапна целоживотна лиценца по поволна цена

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8

Утре 04.01.2025 година (сабота) со почеток во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на…

January 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?